Гужвана пита со сирење
Во сад прво изматете ги јајцата со малку сол. Додадете го маслото, јогуртот и газираната вода, соединете.
Одделете 4 кори, другите со нож исечете ги на ленти или искинете ги со раце.
Лентите кори, ставете ги во течната смеса, убаво измешајте, потоа додадете го сирењето и убаво соединете.
Во плехче 25х35 см или по ваша желба, обложено со хартија за печење ставете една кора, попрскајте ја со масло, ставете уште една кора и таа попрскајте ја со масл, додадете ги исечените парчиња кори со течноста, покријте уште со двете кори, исчете и попрскајте со масло.
Печете во загреана рерна на 200-220 степени додека порумени,околу 30 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови