Подготовка
1. Јајцата за смеса ги матиме со миксер или со рачна маталка.
2. Сувите состојки ги промешуваме во еден сад.
3. Постепено во јајцата ги мешаме и течните и сувите состојки, да ни се направи една густа смеса.
4. На дното од намрсената тава ставаме 1-2 кори кои со силиконска четка ги премачкуваме со смесата.
5. Потоа секоја кора малку ја гужваме, ја макнуваме во смесата и ја редиме во тавата.
6. Така згужвани ги редиме корите една до друга и фино ги распоредуваме низ целата тава. Оставаме две кори за да ја покриеме питата.
7. Разматкуваме едно јајце и ја премачкуваме питатата.
8. По желба ставаме сусам врз питата.

Забелешка
Питата ја печев во Делимано делициа ростер тавата.