Прво се крои листот обланда да одговара на триаголник калапот. Потребни се 3 ленти широки по 6-7 см. Две за од по страните и еден за капак на триаголникот.
Во вангличка се матат путерот и жолчките.
Потоа во тенџере на оган се става шеќерот да се карамелизира, но не смее да изгори, па се додаваат заедно изматените жолчки и путерот.
Смесата се меша на тивко околу 7-8 минути, убаво да се соедини и се додаваат исецканите оревите. Се промешува.
Додека е топла смесата се истура во обложениот калап со обланда, се покрива пак со обланда, се остава да се стегни и се сечи на парчиња.
Препорачувам повеќе трпение и внимание, бидејки смесата е многу врела, кога ја истурате во калапот.
Не се плашете кога на око ќе добиете не убав изглед кога во растопениот карамел ќе ги додадете изматените жолчки и путер.
Мојот покоен татко велеше, ГРИЛАЖОТ Е ЦАР меѓу ситните колачи.
Топло го препорачувам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани