17
сеп
2021
Гратинирани свежи смокви со горгонзола и чадена сланина
Вистински деликатес се смоквите подготвени на овој начин. Ние уживавме во нив и наздравиме со бело мускатно вино. Значи, количините може да ги прилагодите според потребите. Јас направив по 2 гратинирани и по две поховани, егзотични смокви... Следи и рецепт.
Подготовка
1. Смоквите ги миеме, ги отсекуваме дршките и ги сечеме на половинки. Врз нив ставаме по малку горгонзола и лента чадена сланина. Јас ги гратинирав во апаратот за готвење со топол воздух, но може и во рерна.
на 190 степени, околу 10 минути, колку горгонзолата да се растопи, а сланината и смоквите да се запечат.
На здравје убавинава.
Лиценца: Сите права се задржани