Подготовка:

1. Прво црниот домат го миеме. Го сечeме на кругови заедно со лушпата. Го посолуваме и круговите ги редиме врз кујнска хартија. Нека одстојат така 10 минути. Потоа убаво ги бришиме од течноста која ја пуштиле.
2. Mногу малку ги валкаме во брашно. Ги запржуваме од двете страни да заруменат. Ги редиме во плех.
3. Врз секое кругче ставаме парче моцарела, половина шери доматче, 1-2 траки пиперка, ливче свеж босилек. Попрскуваме малку сол и бибер, оригано. Гратинираме во загреана рерна 10 до 15 минути.
Послужуваме топло предјадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани