Гратиниран црн домат со моцарела
Состојки
- 1 поголем црн домат
- Сол и масло за запржување
- 125гр моцарела
- Најмали шери домати
- 1 пиперка капија
- Сол, бибер, босилек, оригано
- 1,2 лажици брашно
Подготовка
Подготовка:
1. Прво црниот домат го миеме. Го сечeме на кругови заедно со лушпата. Го посолуваме и круговите ги редиме врз кујнска хартија. Нека одстојат така 10 минути. Потоа убаво ги бришиме од течноста која ја пуштиле.
2. Mногу малку ги валкаме во брашно. Ги запржуваме од двете страни да заруменат. Ги редиме во плех.
3. Врз секое кругче ставаме парче моцарела, половина шери доматче, 1-2 траки пиперка, ливче свеж босилек. Попрскуваме малку сол и бибер, оригано. Гратинираме во загреана рерна 10 до 15 минути.
Послужуваме топло предјадење.