Прво црниот домат го лупиме, но и не е задолжително.
Го сечеме на кругови, го посолуваме и оставаме да одстои 5-10 минути.
Потоа со хартиена салфета ја собираме течноста која ја пуштиле.
Јас секое парченце го запржив во тава, но може да се наредат во рерна, врз нив да се капни некоја капка масло, да се запечат во загреана релна по 10 минути од едната, па да се превратат и 10 минути од другата страна.
Потоа круговите црн домат се редат во тава која не лепи или врз лист хартија за печење, се попрскуваат со сув босилеки и на секое парче се става парче моцарела.
На црвениот домат му ја вадиме срцевината, семките и го сечеме на мали коцки.
Врз секое парче црн домат ставаме коцки црвен домат, посолуваме бибер, ставаме малку магдонос...
Плехот го ставаме во загреана релна на 5-8 минути, односно само малку да се опушти моцарелата.
Сервираме и декорираме со свежи ливчиња босилек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани