Стаклениот сад во кој ќе ја складирате мешавината, стерилизирајте го исто како за зимница кога правите. Брашното измешајте го со солта и пецивото. Сите состојки за мешавината ставајте ги во стаклениот сад со помош на инка со широк отвор по редослед како горе во рецептот. На крај убаво затворете со капаче и нека ви стојат спремни за кога ќе ви треба набрзина да подготвите десерт. Додатоците кон мешавината и начинот на подготовка запишете ги на етикета која ќе ја прикачите на садот.

Начин на подготовка на браунис
Изматете ги пенасто јајцата со путерот, па ја додадете готовата мешавина и млекото. Се добива густа смеса. Ставете во подмачкана тава (29 х 22 см) и печете на 175 степени во веке загреана рерна околу 25-30 мин во зависност од рерната.

Мешавинава има рок на траење од 3 месеци. Доколку ставате само суви состојки како брашно, шеќер, какао, тогаш рокот на траење е 8 месеци. Јаткастите плодови и сувото овошје го намалуваат рокот на траење.
„Спакувајте“ и складирајте ги вака состојките за вашите омилени колачи, мафини или леб и имајте секогаш спремни за брза подготовка. Убава идеја е и како за подарок - убаво запакувано мислам дека секоја домаќинка би се израдувала, секако не заборавајте да го прикачите начинот на подготовка