Испечати

Готова мешавина за браунис

Готова мешавина за браунис

Состојки

  • 170гр брашно
  • прстофат сол
  • 2 лажички пециво
  • 50гр какао во прав
  • 120гр кафеав шеќер
  • 180гр шеќер во прав
  • 50гр сечкани ореви, лешници или бадеми
  • 60гр сечкано чоколадо со висок процент на какао
  • 1 стаклен сад (шише или тегла) од 1 л.
  • Дополнителни состојки за подготовка на браунис
  • 4 јајца
  • 180гр омекнат путер
  • 3 лажици млеко

Стаклениот сад во кој ќе ја складирате мешавината, стерилизирајте го исто како за зимница кога правите. Брашното измешајте го со солта и пецивото. Сите состојки за мешавината ставајте ги во стаклениот сад со помош на инка со широк отвор по редослед како горе во рецептот. На крај убаво затворете со капаче и нека ви стојат спремни за кога ќе ви треба набрзина да подготвите десерт. Додатоците кон мешавината и начинот на подготовка запишете ги на етикета која ќе ја прикачите на садот.

Начин на подготовка на браунис
Изматете ги пенасто јајцата со путерот, па ја додадете готовата мешавина и млекото. Се добива густа смеса. Ставете во подмачкана тава (29 х 22 см) и печете на 175 степени во веке загреана рерна околу 25-30 мин во зависност од рерната.

Мешавинава има рок на траење од 3 месеци. Доколку ставате само суви состојки како брашно, шеќер, какао, тогаш рокот на траење е 8 месеци. Јаткастите плодови и сувото овошје го намалуваат рокот на траење.
„Спакувајте“ и складирајте ги вака состојките за вашите омилени колачи, мафини или леб и имајте секогаш спремни за брза подготовка. Убава идеја е и како за подарок - убаво запакувано мислам дека секоја домаќинка би се израдувала, секако не заборавајте да го прикачите начинот на подготовка