28
ное
2021
Гвакамоле
Подготовка:
1. За гвакамоле потребно е да се изберат зрели авокада. Тие ги сечиме, ги вадиме од семката и ги лупиме, па со вилушка грубо ги пасираме.
2. Обично се користи црвен кромид, но јас имав и решив него да го заменам со млад и не згрешив. А како не јадиме луто, си ставив благо феферонче, иако се двоумев дали тоа да биди од туршија, но следен пат ќе пробаме. Исечкајте ги ситно и на крај и доматот и магдоносот исто така.
3. Прво измешајте се без доматите, па зачинете, посолете, додајте го сокот од лимон, измешајте и на крај додадете ги доматите.
Секако, состојките можи да варираат по количина спрема вашиот вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови