Галета со јаболки и крем од бадеми
Подготовка:
1. Брашното, шеќерот и ладниот путер исечен на коцки ги мешаме со прсти (ги втриваме). Потоа ја додавам жолчката, ванилата и постепено водата додека не добиеме тесто од кое можеме да формираме плочка. Го замотуваме тестото во најлонска фолија и го оставаме во фрижидер најмалку 2 часа.
2. Кремот од бадеми го подготвуваме на тој начин што ги мешаме сите состојки во блендер (путер, бадеми, јајце, брашно и шеќер).
3. Тестото го расукуваме во округла кора врз парче хартија за печење. Кората ја премачкуваме со кремот од бадеми на тој начин што оставаме 3 сантиметри до работ празни.
4. Јаболките ги сецкаме на тенки резниња и ги редиме по желба врз кремот. Ги завиткуваме навнатре рабовите на кората и со помош на хартијата ја префрламе галетата во фрижидер додека да се загрее рерната.
5. Пред печење го премачкуваме тестото со јајце. Печеме на 180 степени додека галетата да порумени (30-40 минути). Откако ќе се олади целосно, се поросува со шеќер во прав.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови