Подготовка:

1. Путерот исечен на коцки го мешаме со брашното, го втриваме со прсти. Додаваме сол по вкус. Додаваме ладна вода по потреба, колку да се формира тесто. Од тестото оформуваме топка и завиткано во најлонска фолија го оставаме во фрижидер најмалку половина час.
2. За филот употребив околу 200г несолена урда, додадов малку кисела павлака и посолив. Може да се додадат зачини по желба (оригано, босилек, магдонос).
3. Тестото го расукуваме во тенка кора во форма по желба. Филот го нанесуваме на средина на кората, оставајќи неколку сантиметри од работ празни. Врз филот редиме чери домати по желба, сецкани на половинки или на потенки кришки. Рабовите од кората ги виткаме навнатре така да средишниот дел ни остане отворен. Кората ја премачкуваме со разматено јајце и ја поросуваме сусам и црно семе. Печеме во загреана рерна на 200 степени 35-40 минути.

Јас со оваа доза направив две галети со средна големина.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови