Тесто
1. Од наведените состојки го замесуваме тестото.
2. Го завиткуваме во фолија и да го ставаме во фрижидер 2 часа
3. Додека тестото е во фрижидер, го подготвуваме филот.

Фил
4. Јаболката ги лупиме и сецкаме на коцки. Лимонот го цедиме и со сокот ги преливаме јаболката. Го додаваме и шеќерот. 10-15 минути ги динстаме
5. Ги оставаме да се изладат, го додаваме циметот и ванилата.
6. Од тестото развлекуваме кора со пречник од 30см. Го ставаме во округла тава која е со помал пречник за да може подоцна да ги превиткаме рабовите врз колачот.
7. Тестото го боцкаме на неколку места со вилушка, го премачкуваме со 2 лажици пелте. Го ставаме филот од јаболка и врз него оревите.
8. Рабовите на тестото ги премачкуваме со изматена белка, ги превиткуваме и го ставаме да се печи во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
9. Откако ќе се испече на рабовите од колачот посипуваме шеќер во прав.

Забелешка- по желба може 1 лажица пелте да растворите во малку топла вода и со тоа да попрскате врз филот од јаболка кога ќе го извадите колачот од рерна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани