Ова е најблагодарното тесто кое до сега сум го направила, а случајно излезе од моите експериментирања со брашното за пици тип 0. Добивате толку мазно и фино тесто што можите да направите било каква форма и замисла од него.

Подготовка
1. Растворете го квасецот во водата со шеќерот и една лажица брашно и оставете го да запени.

2. Во длабок сад ставете ги водените состојки, пола од брашното и пецивото. Измешајте и додадете ја солта и постепено остатокот од брашното. Мешавината на овие типови брашно дава совршено тесто за работење.

3. Измесеното тесто покријте го и оставете го на топло да се дуплира. Потоа благо премесете го и поделете го на 20на делови кои ќе ги формирате во топчиња.

4. Секое топче исучете го долгнавесто, најтенко што можите. На едната страна ставете во линија од урдата, а остатокот до другата страна засечете го. Потоа свиткајте го, почнувајќи од филуваниот дел. Завитканата ролна потоа завртете ја во круг во вид на полжав.

5. Премачкајте ги со разматено јајце и печете на 200С, додека не поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани