Ова е мој допринос кон колекцијата ајвари. Вкусен е и по желба може да го направите со повеќе или помалку лути пиперки за да биде по ваш вкус. Освен тоа е многу издашен. Од оваа доза излегуваат 16 тегли.

Пиперките и модрите патлиџани се печат и лупат.
Везените пиперки без петелка (најдобро да се врволинчиња, тие имаат потенка кора) се обаруваат во малку посолена вода за да може полесно да се сомелат. Се цедат и заедно со црвените пиперки и модрите патлиџани се мелат на машина за месо.
Во тенџерето се ставаат измелените зеленчуци, оцетот, шеќерот и малку сол да варат околу 30 минути. Потоа на 3 пати се додава по 1/2 литар масло на околу 15 минути. Се меша и откако ќе ја ставите и последната третина од маслото се пржи уште 1-1,5 час. Значи се на се, пржењето трае 2-2,5 часа.
Пред крај се посолува по вкус и се додава сенфот.
Се собира топло во топли тегли кои се чуваат завиткани во ќебе додека не се оладат.

Пријатен апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани