Вкусна погача со топло млеко
1. Во топлото млеко се ставаат состојките заклучно со 8-те лажици брашно, се меша сето да се добие каша, се остава да нарасне.
2. Потоа се додава маслото и по потреба брашно, се меси да се добие меко нелепливо тесто.
3. Тестото се рассукува и се премачкува со маргарин, се витка во ролат, а потоа во полжав. Се става во фрижидер 30 минути.
4. Потоа се рассукува во круг и со нож се исцртува круг, а крајчињата-ленти се оставаат на страна.
5. Кругот се премачкува со маргарин, се сечи на 4 дела и во секој дел се става малку сирење, се витка како кифла, се сече на пола и се реди во подмачкано тавче број 26.
6. Краевите-ленти ги усукуваме, ги сечеме на пола и ги пополнуваме местата помеѓу празнините во тавчето.
7. Погачата се премачкува со жолчка, се става сусам, се остава да стаса 30 минути и се пече на 200 степени 20 до 30 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
Pozdrav Nadica.