Вкусна крем чорба со куркума и кари
Кремасто кари, прекрасен басамати ориз, крцкаво зготвени индиски ореви – нашата веганска крем чорба со куркума и кари ќе Ви пружи неверојатно уживање во Вашиот оброк.
Подготовка
Чекор 1: Басамати оризот гответе го во голема количина вода околу 15 минути.
Чекор 2: На коцки исечканиот кромид, чили пиперче, исечениот ѓумбир и иситнетите чешниња лук додадете ги во сад со масло за пржење и динстајте околу 4 минути на среден оган.
Чекор 3: Додадете го кимот, куркумата, на ленти исечената пиперка, 2 лажички сол со билки и доматен сос во садот и оставете лесно да се пропржи. Потоа додадете го кокосовото млеко.
Чекор 4: Зачинете со малку сол со билки, сок од лимон и црн бибер..
Чекор 5: Убаво измешајте и оставете да се готви околу 8 минути.
Чекор 6: Индиските ореви ставете ги во тава и на среден оган лесно пропржете ги со масло за пржење. На тоа додадете го одозгора свежиот коријандер.
Чекор 7:Кари сосот и оризот ставете ги во длабока чинија и одозгора сервирајте ги пропржените индиски ореви.