Испечати

Вкусна крем чорба со куркума и кари

Вкусна крем чорба со куркума и кари

Состојки

  • 400 гр. басамати ориз
  • 80 мл. DmBio масло за пржење
  • 150 гр. кромид
  • 1 чили пиперче
  • 40 гр. ѓумбир
  • 2 до 4 чешниња лук
  • 2 лажици ким
  • 1 лажичка DmBio куркума
  • 2-4 лажички DmBio сол со билки
  • 300 гр. пиперка
  • 120 гр. DmBio доматен сос
  • 800 мл. DmBio кокосово млеко
  • малку DmBio сок од лимон
  • малку DmBio црн бибер
  • 100 гр. DmBio индиски ореви
  • 20 гр. коријандер

Кремасто кари, прекрасен басамати ориз, крцкаво зготвени индиски ореви – нашата веганска крем чорба со куркума и кари ќе Ви пружи неверојатно уживање во Вашиот оброк.

Подготовка

Чекор 1: Басамати оризот гответе го во голема количина вода околу 15 минути.

Чекор 2: На коцки исечканиот кромид, чили пиперче, исечениот ѓумбир и иситнетите чешниња лук додадете ги во сад со масло за пржење и динстајте околу 4 минути на среден оган.

Чекор 3: Додадете го кимот, куркумата, на ленти исечената пиперка, 2 лажички сол со билки и доматен сос во садот и оставете лесно да се пропржи. Потоа додадете го кокосовото млеко.

Чекор 4: Зачинете со малку сол со билки, сок од лимон и црн бибер..

Чекор 5: Убаво измешајте и оставете да се готви околу 8 минути.

Чекор 6: Индиските ореви ставете ги во тава и на среден оган лесно пропржете ги со масло за пржење. На тоа додадете го одозгора свежиот коријандер.

Чекор 7:Кари сосот и оризот ставете ги во длабока чинија и одозгора сервирајте ги пропржените индиски ореви.