Витканици од јаболка
1. Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, се додава зејтинот, јогуртот, гризот и прашокот за пециво.
2. Јаболката се чистат и се рендаат.
3. На работната маса се става една кора, се премачкува со смесата насекаде со четкичка или лажица. Врз неа се става друга кора и пак се премачкува. Се става и трета кора, која не се премачкува, туку во првата половина се става дел од јаболката, оревите и сувото грозје. Се витка во ролат и се става во плехот прекриен со пек папир. Исто се прави со останатите кори. Одозгора се премчкуваат со зејтин или со жолчка и малку млеко.
4. Се става во загреана рерна на 200 ст. Ц околу 30 мин. додека поруменат.
Многу вкусна и сочна витканица од јаболка. Јас ја нареков витканица, зашто не правиш ништо туку само виткаш кори во ролат, па нели тоа е витканица?
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови