За многу години.  Секоја година покрај традиционалните црвени јајца, бојадисувам и во други бои, детето во мене е посилно.  Годинава открив друга техника, се надевам ќе и се најде на некоја домаќинка како идеја. Зборувам за жолто-виолетовите јајца.

Подготовка
1.Се варат бели јајца, во длабоко чинивче се раствора жолтата боја и се додава 1 лажица алкохолен оцет. Се вапцува јајцето и се остава да се исуши.
2. Во друго чинивче се раствора виолетовата или друга боја (си комбинирате по ваш избор) и се додаваат 1 лажица масло, значи без алкохолен оцет. Се става жолтото јајце и по малку се полева со лажица од виолетовата боја. Не целосно да се потопи, бидејќи нема да е шарено.За шарено, што помалку да се работи во бојата со масло.
3.Се суши и премачкува вообичаено како другите со масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови