Драги пријатели, најтопла препорака да ја подготвите оваа вкусотија за големиот Христијански празник Велигден. Најважната работа во процесот на подготовка, на Велигденскиот Крафин, е позитивна мисла, добро расположение и верба. Затоа, не заборавајте да размислите само за доброто, а потоа - преку топлината на вашите раце - вкусот на велигденскиот крафин ќе биде единствен. Бара трпение и време, но опојниот мирис и вкус, ќе биде вашата награда. Планирам повторно да го подготвам и тоа дупла доза. Воодушевена сум од вкусот, изгледот, мирисот....

Печев во тенџере на Делимано бр. 20

Најпрво во топлото млеко го ставаме квасецот, лажиче брашно, лажиче шеќер, промешуваме и оставаме да се активира.

За тоа време го растопуваме путерот на тивок оган и оставаме да се излади.

Од кога квасецот е активиран, го ставаме во вангличка, па го додаваме остатокот на шеќер, ванила, кора од портокал, сол,ликер, путер.
Промешуваме со вилушка.
Јајцата малку ги матиме со вилушка, па и нив ги додаваме во претходната смеса.
Промешуваме и сега постепено го додаваме брашното.
Трпеливо месиме, не додаваме плус брашно и покрај тоа што тестото е лепливо.
Колку подолго месиме, толку ќе добиеме покомпактно тесто.
Сега вангличката ја намастуваме со некоја капка масло, го ставаме тестото, и одозгора нежно го намастуваме, го покриваме со прозирна фолија, па со чиста крпа и го оставаме на топло да се дуплира.
На слатките теста им треба повеќе време, може и до 2 часа.
Од кога е втасано тестото на нежно набрашнета работна маса го ставаме нежно тестото и сучиме правоаголна кора.
По цела површина ја премачкуваме со омекнатиот путер.
Ги расфрламе зрната брусница и суво грозје, кои цела ноќ ни беа потопени во рум
Виткаме ролат.
Со остар нож го сечиме. По должината, внимаваме 3,4 цм да не биде пресечено на почеток.
Виткаме полжави, еден со друг на спротивната страна.
И битно е со пресекот да бидат завртен нагоре.
Ги поставуваме едно врз друго.
Вака спремниот крафин го ставаме на хартија за печење и го ставаме во тенџерето.
Пак го покриваме со прозирна фолија, со крпа и го оставаме на топло уште еден час.
Пред печење го премачкуваме со малку млеко.
Го печиме во загреана релна околу 35 минути.
Го вадиме на решетка да се излади, па го посипуваме со шеќерот во прав.
Дегустираме и уживаме со секој залак.
За многу година празникот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани