Крафин - благ леб за Велигден
Ова еден вид на благ леб за Велигден.
Во просеаното брашно додајте квасец, сол, шеќер и ванила.
Млекото стоплете го, а путерот растопете го.
Во садот додајте јајца, млеко, путер и заместе тесто. Во тестото изрендајте кора од портокал. Оставете го на топло место да стаса.
Тестото поделете го на три топки.
Топката рассукајте ја премачкајте со путер, ставете суво грозје и сечкани суви кајсии. Тесто завиткајте го во ролат, ролатот пресечете го во должина на пола, но не до крај. Завиткајте го во полжав. Другиот дел од ролат виткајте го врз полжавот, така да оди тестото нагоре. Ставете ги во форми и оставете на 15 минути да отстои. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 50 минути.
Готовите крафини наросете ги со шеќер во прав.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани