18
апр
2012
Велигденски венец
Во тенџере на оган го ставаме млекото да се замлачи, го растопуваме квасецот во него и го додаваме шеќерот. Во брашното го ставаме зејтинот, 1 мала лажица сол и трите белки од јајцата. Сето тоа се замесува и оставаме да стаса. Откако ќе стаса го премешуваме тестото и во него го додаваме претходно исецканиот локум(по желба може да се додаде и желе бонбони и ореви). Се зема од тестото правиме како пачка, ги омотуваме во круг и ги ставаме во подмачкан плех-одозгора ги премачкуваме со жолчка од јајцето и печеме на загреана рерна од 250с околу 10минути. Венецот го декорираме со едно велигденско јајце
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови