Велигденски Бомбици
Збогатете ја вашата Велигденска трпеза со овие превкусни бомбици, кои со својот изглед совршено се вклопуваат за овој празник.
Подготовка
1. Во сад на огин ги ставаме млекото, шеќерот во прав и ванилата, мешаме се додека целосно да се растопат.
2. Потоа го додаваме млекото во прав (лажица по лажица) со постојано мешање со рачна маталка, за да не ни се направат грутчиња. На крај го додаваме кокосот (50-70 гр) и со лажица соединуваме убаво. Тргаме настрана и миксираме да се хомогенизира убаво смесата.
3. Посебно го миксираме путерот и го додаваме и него кај смесата со кокос. Миксираме до соединување. Доколку добиената смеса е идеална за формирање на бомбици, веднаш ја делиме на 2 дела (едниот дел е 1/3, а другиот 2/3). Во помалиот дел додаваме жолта прехрамбена боја. Доколку пак смесата е мека, додадете уште малку кокос, но не многу, бидејќи како ќе оладат, така и делумно ќе се здрват бомбиците.
4. Јас направив 16 бомбици, може и 20 помалечки. Како и да се одлучите, и жолтата и белата смеса ја делиме на исти делови. Од жолтата смеса формираме бомбици, кои ги замотуваме во белата смеса, која малку ја расплескуваме, и формираме бомбици. Веднаш ги увалуваме во кокос.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови