Велигденска плетенка со тиква и брусница
Уште една вкусна убавина подготвена во мојата кујна. Често во замрзнувач чувам мали опаковки на сварена тиква. По потреба ги вадам, оставам во цедалка да отстојат преку ноќ, да излези цела вода што ја содржи тиквата.
Подготовка:
1. Во вангличка се ставаат квасец, лажиче шеќер, лажиче брашно и млеко. Се промешува и се остава да се активира.
2. Потоа тука се додава цимет, морско оревче, некое зрно сол, ванилата,шеќерот, маста, тиквата. Со вилушка убаво се соединуваат состојките. Јајцето го матиме, кратко со вилушка, јас секогаш оставам малку за премачкување одозгора, и го додаваме во претходните состојки. Сега додаваме брашно и брусница и замесуваме мазно, но по малку и лепливо тесто.
3. На површината го премачкуваме со масло, го покриваме со проѕирна фолија и го оставаме на топло околу 1 час да се дуплира.
4. Потоа нежно го делиме на 3 дела. Формираме траки, кои ги испреплетуваме. Вака подготвената плетенка, ја ставаме во долгнавест калап за леб, кој е обложен со хартија за печење. Оставаме на топло 30 минути. Премачкуваме со јајцето кое го тргнавме на страна. По желба наросуваме кафен шеќер.
5. Печиме околу 40 минути во загреана рерна. Оставаме на решетка потполно да се излади, па сечиме на парчиња и послужуваме.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Testata so tikva se mnogu krevki i vkusni
Mirizliva i vkusna bese
Testata so tikva se sovrseni
Imam praveno pogaci, buhtli, kifli...
Ima ovde mnogu moi recepti so tikva vo testoto
Prekrasnaaaaa