Моите омилени векни, милиброди....како сакате наречете ги.
тестата подготвени со тиква се исклучително меки.
Многу често ги подготвувам, одличен појадок или вечера ми се
И тоа.....ги јадам со кашкавал хахаххахахах
Можеби нереално, но за мене мнооогу вкусно.

Прво сварената или печената тиква ја ставаме во цедалка да одстои 30 минути.
Во вангличка ги ставаме квасецот, лажиче брашно, лажиче шеќер и топлото млеко.
Промешуваме и оставаме да се активира квасецот.
Потоа ги додаваме остатокот на шеќер, солтта, ванилата, циметот, ѓумбирот, кардамомот, растопениот путер, јајцето, тиквата,пецивото, јогуртот.
Со вилушка убаво ја поврзуваме цела смеса.
сега постепено додаваме просеано брашно.
ќе добиеме по малку лепливо тесто.
Со малку намастени раце формираме топка, ја ставаме во вангличката , ја покриваме со прозирна фолија.
Оставме да се дуплира.
Втасаното тесто го делиме на 3 топки.
Секое топче го расукуваме во мало овално кориче.
Јас по средината наредив дооообро исцедени вишни од слатко.
Може да се користи мармалад, брусница, суви сливи.... изборот е ваш.
Потоа со прстите ги спојуваме краевите.
Значи формираме три ленти, кои ги завиткуваме како плетенка.
Вака формираната плетенка ја ставаме во долгнавест калап за леб кој е обложен со хартија за печење.
Ја премачкуваме плетенката со изматено јајце и ја посипуваме со кафен шеќер.
Оставаме 20 минути, да нарасне а за тоа време ја загреваме рерната на 180 с.
Ја ставаме да се печи додека не зарумени.
Ја вадиме на кујнска решетка да се излади, па сечеме на парчиња и послужуваме.
На здравје оваа ароматична, мека убавинаааа

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани