Најпрво ги сецкаме во сецко кромидот, морковот, пиперката и ги пропржуваме во нелеплива тава. Потоа ги додаваме излупени модрите патлиџани исто така исецкани во сецко и нив ги динстаме на тивко во тавата.
Потоа ги лупиме доматите ги ставаме во блендер, а исто така и лукот го ставаме во блендерот, блендираме и сето тоа го истураме во тавата да се готви.
Ја ставаме коцката за супа, зачинуваме по вкус, кога е скоро готово го додаваме и сецканиот магдонос.
Шпагетите ги вариме ал денте, ги процедуваме во цедилка, па ги враќаме во тенџерето, го додаваме и сосот па тенџерето го враќаме на топлата рингла на тивко со постојано мешање за да се спојат убаво шпагетите и сосот.
Врз сервираните шпагети ставаме сецкани маслинки.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови