Се става во поголем сад квасецот, водата и шеќерот сето тоа добро се промешува со рака. Се додава солта маслото и брашното се меси убаво со рака. Се остава да одмори 10-15 минути додека ги исецкате доматот, тиквицата и кромидот. Се формира тестото во кружен сад каде што ќе се печи пицата. Се премачкува тестото со кечапот, се додава тиквичката, доматот, кромидот, шампињоните, на крај сусамот. Во загреана фурна се печи околу 8-10 минути.

Пријатен апетит!

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови