Вегатаријански тарт со тиквичка
Од рецептите кои се лесни и брзи за правење денес за вас го издвојувам овој - Тарт со тиквичка и сирење
Подготовка:
1. Најпрво започнува со месење на тестото. Го ставаме брашното во подлабок сад, ги додаваме останатите состојки и месиме. Mорам да напоменам дека маргаринот треба да биде цел, не растопен.
Исто така во однос на водата ставена е како мерка, но не мора да значи дека толку ќе искористите. Jас искористив многу помалку, а се тоа зависи и од брашното. Откако е готово тестото го правиме во топка, го замотуваме со најлонска фолија и така го оставаме во фридижер околу еден час.
2. Во меѓувреме тиквичката ја миеме убаво и не лупена ја сецкаме на тенки кругови, кои ги ставаме во чинија и ги посолуваме за да излезе целата течност од нив.
3. Исто така во друг сад ги мешаме остатокот од павлака, сирењето и лукот. Лук можите да ставите колку што сакате. Тоа зависи од вашиот вкус.
4. Во тепсија за тарт, ставаме хартија за печење и тестото кое претходно го расукавме со сукало го ставаме на хартијата. Го премачкуваме тестото со јајце разматено, и од горе го ставаме преливот, а над него ги ставаме веќе исцедените тиквички. Печеме во загреана рерна околу 30на минути на 180 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови