Торта со сезонско овошје (посно, веган, без печење)
За основата во нутрибулет ги соединуваме бадемите и урмите во неколку наврати, пулсирања.
До колку се многу суви урмите може да се додаде 1 лажица кокосово млеко.
Вака добиената смеса со рака ја расплескуваме во калап со обрач.
Сега го подготвуваме филот.
Индиските ореви претходно ги потопуваме во вода да киснат 3 часа.
Потоа ги процедуваме.
Сега во процесор ги соединуваме индиските ореви, агаве сирупот, кора и сок од лимон,кокосово млеко.
Ставаме во сад на страна.
Во процесор ги пасираме малините и ги додаваме на претходната смеса.
Убаво ја соединуваме цела смеса и ја нанесуваме врз веќе подготвената основа,
Израмнуваме и оставаме во фрижидер 3,4 часа.
Потоа го одстрануваме обрачот и рустично ја декорираме тортатат со растопено црно чоколадо, еден грст од малини и капини, ливчиња нане и кора од лимон.
Сечечеме на парчиња и ја послужуваме оваа торта со префинет вкус.
На крај да признааам дека тортава ја правеше мојата сестра, а јас плеткав прсти околу неа хахахаха и чекав убаво да се излади, па да уживаме заедно
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор
Sestra Mi e golem perfekcionista, no nema vreme da pisuva na stranava
Pa ne mozev da i odoleam na tortava i morav tuka jas da ja spodelam