Ванилици со кокос
Маргаринот, јајцата, шеќерот и кокосот пенесто изматете ги. Додадете го брашното, пецивото, ванилата и убаво месете да добиете убаво тесто.Тестото оставете го во фрижидер 30-60 мин.
Од тестото формирајте кора од 5 мм. и вадете со чашка за ракија кругови или пак со калапчиња.Се ставаат на плех со хартија за печење и се печат на 200 ц. околу 10-15 мин. Не треба да фатат боја (треба да останат бели). Лепете ги две по две со мармалад и валкајте ги во прав шеќер. Чувајте ги во кутивче (пластично лимено какво било).
Кога ќе отстојат ден два се поубави и помеки. Може да се замрзнат, исто така ќе си го имаат истиот вкус.
Пријатно.
Тестот може да го направите без јајца(за да бидат посни),маргаринот може да го замените со маст.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови