Ванилици со вино
Уште едни од бабините колачи. )))
Салото се мати со шеќерот, му се додава виното. Потоа се додаваат останатите состојки и се замесува средно меко тесто. Се меси убаво. Се покрива со најлонска фолија и се става во фрижидер на 1-2 часа.
Се премесува тестото на кратко (за да не се лепи на подлогата) и се отвора кора со дебелина од 1цм. Се вадат форми. Се ставаат да се печат на хартија за печење или дирекно во плехот, без да го мрсиме.
Се печат во загреана рерна на 200 околу 10 мин., или колачињата треба одозгора да останат бели, а одоздола убаво поруменат (се забележува по долната ивица).
Ладни се валкаат во шеќер во прав и тоа по неколку пати за да бидат што снежно побели.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани