Кога ќе се спојат вкусовите во лажица се добива едно прекрасно задоволство на непце... Ова е еден свежителен десерт во чаша...

Подготовка
Боровинките заедно со дел од водата и шеќерот ги ставаме да провријат. Ги блендираме па им додаваме растворен пудинг со остатокот од водата. Додаваме и растопен желатин. Мешаме до згуснување и смесата ја распоредуваме во накривени чаши и ја оставаме да се стегне.
За тоа време го подготвуваме ванила пудингот на класичен начин по упатство на кесичка само со помалку млеко. Кога ќе згусне го додаваме чоколадото и мешаме додека да се растопи. Го распоредуваме во чашите со боровинка крем кој ни се изладил и се стегнал. Оставете да се излади ванила пудингот па сервирајте.

Забелешка
Во боровинките може да ставите и пудинг од јагоди, ванила или слатка павлака...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани