На загреано масло го запржуваме кромидот, па го додаваме меленото месо.
Пржиме додека не испари течноста.
Го зачинуваме со сол, бибер, магдонос.
Во еден сад ги соединуваме сите состојки за преливот.
Земаме тепсија бр 28.
На дното , кое е малку намастено ставаме прво една кора, ја попрскуваме со преливот, втора кора, прелив, трета кора, прелив, четврта кора.
Краевите на корите треба да висат надвор од тепсијата.
Врз четвртата кора ставаме фил од мелено месо.
Постапката ја повторуваме се додека имаме материјал.
Корите не ги стегаме.
Нека бидат лабави.
На крај краевите ги внесуваме во средината на тепсијата и покриваме со последната кора.
Ке ни остане 1-2 лажици прелив.
Тука додаваме 2 лажици кисела вода и премачкуваме одозгора.
Бурекот го печиме во загреана релна на 200 с убаво да зарумени.
Го сервираме топол со чаша јогурт

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани