Погачата ја има во разни варијанти, се надевам овој начин кој е многу брз, ќе ви се допадне. Најдобриот дел е што е преубава и наредните денови, но ако ви остане, толку е вкусна.
Сирењето, пиперката и кимот не се во рецептот, тоа е по мој вкус, понекогаш додавам нешто друго...
1. Квасецот се зафаќа вообичаено и откако ќе стаса, додадете го во подготвеното брашно со белка, зејтинот, млекото, водата...
2. Откако ќе се измеси оставете го да стаса
3. За оваа доза потребна ви е е голема длабока тава за печење, ако немате, поделете го тестото на два дела, во две тави
4. Расукајте кора во дебелина од 1 до 2 см и премачкајте ја со половина маргарин, а сторете го истото ако ви се две теста
5. Сега ако сакате фил, додајте сирење и пиперка ситно исечени
6. Завиткајте како ролат и сечете го ролатот во големина која сакате, јас различно ги сечев, за едната тава поголеми, другите помали
7. Превртете ги и редете ги во намачканите тави едно до друго, но со мало растојание, а одозгора жолчка, ким и остатокот од маргаринот

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови