Брускети со три вида на сирење
Вкусни, превкусни брускети....Количината за подготовка одредете си ја по ваша потреба...
Јас ги подготвив во апаратот за готвење со топол воздух, а инаку можете да си ги подготвите и во рерна.
Подготовка
1. Лепчињата ги премачкуваме или им ставаме парчиња путер.
2. Ги ставаме во апаратот да се потпечат и да се растопи путерот на температура 110 степени околу 2 минути.
2. Ги вадиме и ги премачкуваме со урда или меко сирење, ги наросуваме со буковец.
3. Кашкавалот го сечеме на долги ленти и го ставаме врз кришките.
4. Ставаме рендан пармезан, ама и сечкан на тенки листови.
5. Повторно ги враќаме во апаратот за да се растопат сирењата, на 130 степени околу 3 минути или онолку колку што сакате да ви се растопат сирењата.
6. Ги сервираме во чинија со тенко сечкана салата марула.
Лиценца: Сите права се задржани