Брз мазник од готови кори
Изматете ги јајцата со жица, па додадете го киселото млеко (јас користев од апаратот за кисело млеко на делимано), па маслото. Посолете малку и измешајте убаво. Имајте во предвид кога солите и за соленоста на сирењето, така да, не ставајте многу сол.
Една кора се премачкува со четче насекаде. На втората половина се расфрла дробено сирење, а со другата половина се преклопува, па се витка лабаво во ролна.
Во кружна тепсија или плех намастен или обложен со пек-хартија се става првата кора виткајки ја како полжав, не премногу збиено.
Секоја наредна се врти од местото кај застанала последната завртена кора, се додека се потроши материјалот.
Со отприлика 2-3 лажици од смесата за премачкување премачкајте го целото „мазниче“ одозгора и малку попрскајте со масло.
Печете во загреана рена на 200С додека порумени.
Извадете го, попрскајте го со рацете со ладна вода и покријте го 10на минути пред да го послужите.
Лиценца: Сите права се задржани