Брзи мафини со сирење
Брзи и вкусни мафини, за појадок или вечера.
Пред да почнете со подготовка вклучете ја рерната на 220С добро да се загрее.
1. Скршете го јајцето, ставете го киселото млеко (или јогуртот) и зејтинот и убаво измешајте ги течните состојки.
2. Додате го брашното, пецивото и сирењето и со лажица мешајте додека сите состојки убаво да се соединат.
3. Калапчињата за мафини намрсете ги со малку маргарин и потоа убаво наполнете ги (скоро до горе), наросете сусам (ким, мак, лен) и спремни се за во рерна.
Се печат 15-20 мин. (во зависност колку рерната е загреана).
По вкус може да додате и сол, да ги менувате состојките, а исто така ова тесто може да послужи и како тесто за пица.
Од оваа смеса (калапчињата наполнети скоро до горе) излегуваат 12 мафини, но ако сакате може и да не ги преполнувате и без проблем ќе излезат 24 средно големи мафини.
Пријатен апетит.
Лиценца: Сите права се задржани