Брзи колачиња со путер од кикирики (без печење) (посно)
Се приготвува за буквално 15 минути, совршено за тие што се вљубени во карамел и путер од кикирики.
Додека барав рецепти, налик на овој, се пикнав во кујна и сама го смислив. Морам да си се потапкам сама по рамо,бидејки од експеримет излезе совршенство. Дури и Шеќерко мој кој што не сака ни да погледне путер од кикирики многу го бендиса :)
Во сад на оган ставете го шеќерот да се топи додека да се карамелизира. Во друг сад ставете го млекото да зоврие.
Прелејте ги овесните снегулки со малку врело млеко, а остатокот од млекото додадете го во карамелизираниот шеќер. Нека се растопи убаво карамелот, па додадете го путерот од кикирики. Промешајте убаво да се изедначи и додадете ги снегулките.
Во садот во кој што сакате да го формирате колачето постелете хартија за печење и врз неа нанесете ја смесата. Измазнете и оставете во ладилник.
Не очекувајте дека ќе се стврдне многу, но ќе биде доволно за да се сече без проблем.
Доколку сакате со дел од карамелот можете да направите капки на хартија за печење, па кога ќе се оладат да ги додадете во смесата. Поубаво ќе биде кога ќе крцкаат.
Мерката шоља е мерица CUPS (240мл), ама мислам дека не се убаво обележани тие мерици, затоа мерев и ги допишав мерките во грамови.
Лиценца: Сите права се задржани
кај нас заради овие колачиња се измисли нова техника за пристап до храната. оги синко на цели 2,5 годни ја турка табуретката до СИЖИДЕ (фрижидер, што би рекло 3,5 годишно младунче)
оги синко го отвара фрижидерот, младунче се качува на табуретка и докачува сад со колаченца. настанува молк од кој што ти се крева коса на глава и те фаќа паника. трчаш да видиш што е и ги начекуваш седнати на земја, рашлапани и со полни устиња покрај отворен СИЖИДЕ :) :) :) :)