Брзи колачи со гриз и кокос
Уште едни вкусни и лесни колачи.
Во касерола на оган ставете го млекото, шеќерот и ванилата.
Додајте го гризот. Варете околу 5минути, нека се згусти како пудингот.
Потоа додадете го путерот, а откако ќе се растопи додајте го и кокосот.
Мешајте убаво да се соедини смесата.
Во калап или мало тавче постелете хартија за печење.
Префрлете ја смесата и израмнете ја.
Ставете ја да излади во фрижидер.
Подоцна кога е изладено извадете од ладилник и пресечете го на 12 коцки.
Растопете го темното чоколадо на пареа.
Секоја коцка пуштајте ја во чоколадата и вадете на решетка.
Откако ќе стврдне чоколадата,служете ги колачите.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови