Брзи коктел залачиња
Да се избегни вообичаеното сервирање на ордеверот или пак овие залачиња да се вметнат во склоп на истиот и да го направат пошаренолик, побогат. Брзо се прават, многу се вкусни, а и лични на маса.
Најпрво земете си калапчиња за колачи и кашкавалот и сувомеснатото исечете ги со формата која ќе ја изберите. За делот моркови, јас користев од Медицинската салата која овде веќе ја имам претставено и ми се наоѓа за многу вакви и слични ситуации. Се прави во секое време од годината, па не е лошо да се има при рака. Заменски случај е морковие да се обарат. Секако, можи и без нив, но јас сакам шареноликост и бои.
Врз секој крекер ставете малку кечап со мало лажиче, па редете од кашкавалот, сувомеснатото, парчиња маслинки, моркови и најгоре декорирајте со мајонез и ливче магдонос и готово, спремно за пред гости.
* Мерки не наведов, бидејќи се прават онолку колку сакате спрема желбата и потребата.
Лиценца: Сите права се задржани