Тортава е одлична за роденден или за Валентајн. Омилена и најбрза торта во последно време која е модификација на чизкејк, а според мене и подобра е, неверојатна во вкус и текстура, мажот ми вели дека е подобра и од во слаткарница. Подготовката е едноставна и брза. Подготовка Прво подгответе ја подлогата, измелете ги бисквитите, додадете го какаото и додадете претходно растопен путер со чоколадо. Измешајте убаво и оваа смеса натапкајте ја во калапот. Ќе ви треба не многу голем калап, најдобро 24-26цм. Потоа растопете го чоколадото за филот и тргнете го на страна малку да се олади. Изматете ја слатката павлака која претходно мора да седи во фрижидер на ладно, откако ќе се згусни и ќе се направи како крем, додадете ја киселата павлака, шеќерот во прав и растопеното чоколадо и кратко изматете колку да се соеднинат сите заедно. Нанесете го филот рамномерно врз подлогата и веднаш ставете ја тортата во замрзнувачот. одгответе ја глазурата по 10тина минути, растопете го темното чоколадо заедно со путерот, извадете ја тортата од замрзнувачот и прелејте ја глазурата врз филот. Декорирајте со кршени лешници или крокант и ставете ја во фрижидер. За брзо време ќе биде спремна за јадење. Пред сечење, прво засечете ја глазурата зашто ќе биде тврда, потоа сечете парчиња, така нема да ви пука чоколадото. Тортата се прави буквално за половина час. Воопшто не е мачна, а за вкусот нема расправа, превкусна е. Од тортата излегуваат 10тина парчиња. Јас имам калап срце, а секако можи да се користи и друга форма.