
25
јул
2020
Брза пита со сланина и урда
Некој пат и вака ќе поминеме за појадок, пита со рецепт за брза подготовка, количински заситна ама и вкусна...
Подготовка
1. Сланината ја сечкаме на мали парченца и ја пропржуваме.
2. Ги соединуваме сувите состојки.
3. Ги матиме јајцата, ги додаваме млекото и маслото, па постепено ги додаваме и сувите состојки.
4. Откако убаво сме ја соединиле смесата ја додаваме пржената сланина и урдата.
5. Ја распоредуваме смесата во ростер тава намрсена и набрашнета, па наросуваме семиња по вкус и желба.
6. Печеме на 200 степени околу 1/2 час.
Лиценца: Сите права се задржани