Во недостаток на време еве еден мој предлог за подготовка на убава пита. Состојките може да ги менувате, да додавата она што вам ви одговара или она што во моментот го имате.
Подготовка.
1. Јајцата ги матиме во нив ги додаваме јогуртот, зејтинот промешуваме со дрвена лажица. Во оваа смеса го додаваме брашното, пецивото, урдата и сирењето. Смесата која ја добивте е слична на стандарната проја.
2. Кромидот и сите состојки за пржење кои ви ги издвоив во текстот во составот ги пропржуваме на тивок огин десетина мин. Оваа смеса ја сипуваме во предходната смеса промешуваме.
3. Малата ростер тава ја премачкуваме со малку масло, сипете ја смесата наросена со сусам и ким со рендано сирење печете на 200степени дваесетина минути
Питата добро изладете ја и послужете со павлака или чаша јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани