Подготовка:

1. Во сад ја налеваме слатката павлака. Го додаваме стапчето ванила (расечено). Или може да се стави ванила шеќер. Го додаваме и кристал шеќерот. Оставаме така да одстои 30 минути.
2. Сега го ставаме желатинот во сад со ладна вода, за да набабри.
3. Потоа ја вадиме мешунката ванила и ја загреваме слатката павлака до вриење. Тргаме на страна. Го додаваме набабрениот желатин. Промешуваме, за да се растопи желатинот во топлата смеса. Го додаваме и немелениот афион.Повторно промешуваме.
4. Можете да користите мали модли или модли по желба (куглоф, правоаголна тава...). Тенко ја премачкуваме модлата со масло. Ја истураме подготвената смеса. Оставаме во фрижидер од 2-3 часа.

Потоа ја превртуваме панакотата од модлата, ја декорираме со сируп од вишни и кандирани вишни, па послужуваме.

* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани