Испечати

Брза панакота со прелив од сок од вишни (стар рецепт)

Брза панакота со прелив од сок од вишни (стар рецепт)

Состојки

  • 500мл слатка павлака
  • 70-100гр шеќер
  • 1 стапче ванила или ванилин шеќер
  • 1 ќесе желатин
  • 3 лажици ладна вода или 45 мл
  • 2лажици афион
  • 100мл сок од вишни за растворање
  • 4-6 кандирани вишни

Подготовка

Подготовка:

1. Во сад ја налеваме слатката павлака. Го додаваме стапчето ванила (расечено). Или може да се стави ванила шеќер. Го додаваме и кристал шеќерот. Оставаме така да одстои 30 минути.
2. Сега го ставаме желатинот во сад со ладна вода, за да набабри.
3. Потоа ја вадиме мешунката ванила и ја загреваме слатката павлака до вриење. Тргаме на страна. Го додаваме набабрениот желатин. Промешуваме, за да се растопи желатинот во топлата смеса. Го додаваме и немелениот афион.Повторно промешуваме.
4. Можете да користите мали модли или модли по желба (куглоф, правоаголна тава...). Тенко ја премачкуваме модлата со масло. Ја истураме подготвената смеса. Оставаме во фрижидер од 2-3 часа.

Потоа ја превртуваме панакотата од модлата, ја декорираме со сируп од вишни и кандирани вишни, па послужуваме.

* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.