28
ное
2015
Брза мрзлива палачинка со јаболко
Јаболкото исчистете го и исечете го на тенки ливчиња.
На плехот ставете хартија за печење, премачкајте ја со маргарин и наредете ги ливчињата од јаболко.
За тестото, сите состојки измешајте ги и прелијте ги јаболката.
Ставете да се пече во рерна на 200 степени околу 10 минути, па намалете ја температурата на 150 и печете уште 10 минути.
Готовата палачинка можете да ја зачините со цимет, да сечите парчиња, а и да ја завиткате во ролат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови