Брз, фантастичен, солен кекс, го снема дур да се свртам. Одлична идеја за доручек, оди одлично со јогуртче или со кисело млеко

Подготовка:

1. Се матат јајцата и се додаваат течните состојки, па просеаното брашно со прашокот за пециво и останатите состојки.
2. Се меша убаво и смесата се претура во Делимано кружно тавче најголем број и се печи на 180 степени околу половина час. Проверете со чепкалка за заби дали кексот е готов. Комбинирајте со чаша јогурт.

По потреба може и да си го замрзните, претходно оладен и исечен на парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови