Испечати

Брз солен кекс

Брз солен кекс

Состојки

  • 5 јајца
  • 2 шоли брашно
  • 1 шола кисело млеко (или неполна шола јогурт)
  • 1/2 шола масло
  • 250 г рендано сирење
  • 250 г сецкана салама
  • 1 прашок за пециво
  • дополнително по желба - варени сецкани моркови, кисели краставички и 1 киска магдонос

Подготовка

Брз, фантастичен, солен кекс, го снема дур да се свртам. Одлична идеја за доручек, оди одлично со јогуртче или со кисело млеко

Подготовка:

1. Се матат јајцата и се додаваат течните состојки, па просеаното брашно со прашокот за пециво и останатите состојки.
2. Се меша убаво и смесата се претура во Делимано кружно тавче најголем број и се печи на 180 степени околу половина час. Проверете со чепкалка за заби дали кексот е готов. Комбинирајте со чаша јогурт.

По потреба може и да си го замрзните, претходно оладен и исечен на парчиња.