
Брз куглов со јагоди
Навистина многу брз и вкусен колач доколку непредвидено Ви се најават гости.
 Овој рецепт е изведба од чаен колач со вишни на мајка ми. Подолу ќе Ви го напишам и оригиналниот рецепт.
Чекор 1
 По желба количина на јагоди ставете на дното на кугловиот сад. Во меѓувреме изматете ги состојките со миксер и смесата истурете ја врз јагодите. Печете во загреана рерна на температура од 170 степени околу 45 минути.
Чекор 2
 Почекајте да се олади колачот за да го превртите садот. По желба може да го посипете со мешавина од шеќер во прав и ванилин шеќер.
Јагодите може да ги замените со било кое красатко овошје.
Оригиналниот рецепт е следен
 - 4 јајца
 - 3 чаши бело брашно
 - 2 чаши бел шеќер
 - 2 чаши јогурт
 - 1 чаша масло
 - 1 прашок за пециво
Состојките се матат со миксер. Смесата се става во подмачкан плех и се посипува со вишни - количина по желба. Се пече на температура од 200 степени.
Уживајте во двете варијанти на колачот!
Лиценца: Сите права се задржани






















